Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Абутовиќ за Вардар Фанс: Сите знаеме колку ни е важен овој натпревар и колку е значајна победата од истиот меч
Абутовиќ за Вардар Фанс: Сите знаеме колку ни е важен овој натпревар и колку е значајна победата од истиот меч

Абутовиќ за Вардар Фанс: Сите знаеме колку ни е важен овој натпревар и колку е значајна победата од истиот меч

Утре со почеток од 17:30 часот Вардарци го играат еден од најважните натпревари во групната фаза. Гостуваме во Унгарија, на екипата на Пик Сегед. Црвено-црните пред ова коло се наоѓаат на петтото место на табелата, со само еден бод заостанување зад Рајн-Некар и Пик Сегед. Победникот од овој меч, на големо ќе си ги отвори вратите за позиција погоре на табелата. Од тука и големото значање на утрешниот дуел со Унгарскиот вицешампион. Столбот во одбраната на нашиот ракометен Шампион, Илија Абутовиќ најавува голема борба и верба дека неговиот тим ќе извлече позитивен резултат.

-Ова можеби е најважниот натпревар за нас во групната фаза. Не чека еден тежок натпревар, бидејќи влогот за двете екипи е многу голем. Кој победи на овој натпревар ќе биде подобро пласиран на крајот од групата, а со тоа ќе добие и полесен противник во следната осминафинална рунда. Сигурно дека ќе спремиме тактички да го изненадиме противникот.

Вардар на овој меч ќе биде повторно без услугите на Игор Карачиќ. Гонзалес реши дека нашиот организатор сеуште не е подготвен да се врати на теренот.

-Сеуште не знаеме со кој состав ќе настапиме, бидејќи имаме некои повредени играчи. Сепак и со кои играчи да излеземе на теренот, ќе дадеме се од себе да оствариме позитивен резултат. Сите знаеме колку ни е важен овој натпревар и колку е значајна победата од истиот меч, изјави Илија Абутовиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски