Фудбалскиот клуб на Вардар генер. “2006“ имаа успешен старт на пролетниот дел од детската лига, откако двете екипи на тренерот Игор Кралевски беа убедливи во дуелите со своите противници.
Најпрво на теренот излезе Фк Вардар (1) кој за противник ја имаше екипата на Башкими. Црвено-црните на крајот забележаа убедлив триумф од 5:0, иако на полувреме резултатот беше оној почениот 0:0.
Мора да се напомене добрата игра на нашите млади надежи, кои уште од првата минута тргнаа офанзивно кон противничкиот гол. Шансите се редеа како на филмска лента, но дефинитивно во првиот дел Вардарци немаа среќа да го погодат голот на Башкими. Противничкиот голман беше најзаслужен, што по првото полувреме неговата екипа не беше во негатива. Дамјан Крстевски и Давид Голубов ги имаа првите посериозни удари кон голот на Башкими. Овие две момчиња беа најзабележителни во почетниот дел. Во гол прилика влезе и Марко Николовски кој при една акција сам се избори за позиција за удар, но денес имавме расположен чувар на спротивната страна, кој не дозволуваше предвреме да биде решен овој меч. Изведен корнер за црвено-црните, Максим Цониќ имаше убава шанса но шутираше само над голот. Голубов повторно во главна улога со одлични дриблинзи се ослобидуваше од противничките фудбалери, но денес како да немаше среќа во завршниот удар. Повторно Марко Николовски се обиде во псоледната шанса во првото полувреме. Сепак резултатот остана непроменет 0:0.
Сепак во второто полувреме дојде до израз квалитетот на нашиот тим, но мора да се напомене и многу подобрата физичка подготвеност. Прв прилика да го отвори резултатот во вториот дел имаше Драган Јанкоски, кој шутираше ниско по земја, гоплманот на Башкими со крајни напори исфрла во корнер. Дамјан Крстевски и Марко Николовски одиграа одличен натпревар и беа едни од најзаслужните за победата. Но на сцената стапува големиот Давид Голубов кој со прекрасен удар од слободен удар погоди во аголот за голема радост и водство од 1:0: На вториот погодок не се чекаше многу време, откако Дамјан Крстевски преку нозете на голманот го донесе Вардар во водство од 2:0. Во наредниот период проследивме одличен погодок и на Марко Николовски за водство од 3:о, откао ова момче сам ја зема топката со брз продор и биеше во небранетиот долен десен агол. Повторно Николовски се запишува во листата на стрелци за веќе предност од 4:0. Најпрво биеше Давид Голубов, голманот одбрани, но топката се одби до Николовски кој ја внесе во голот. Точка на натпреварот за конечен резултат од 5:0 става Максим Цониќ.
Веднаш после нив на теренот излезе и Фк Вардар (2) кој забележа уште поголем триумф, во дуелот со екипата на Викторија. Црвено-црните го “торпедираа“ својот противник, со резултат од 9:0.
Уште во првите две минути од мечот успеавме да го отвориме резултатот, со погодокот на Никита Патаровски. При една мешаница во противничкиот простор најумешен беше Патаровски кој погоди за водство на Вардар од 1:0. Најновото засилување за генерацијата на Кралевски, Стефан Колоски денес одигра одличен натпревар и беше еден од подобрите на теренот. Со неговиот гол успеваме да зголемиме веќе на 2:0. Стефан сам ја прими топката, кој упати силен удар над рацете на голманот кој немаше никакви шанси да одбрани. Голеадата на ова момче продолжи и во следната акција, кога повторно со прекрасен удар го донесува својот тим во предност од 3:о. Вардарци не застануваа со нападите, а тоа резултираше со 4 погодок во мрежата на Викторија. При изведен корнер најдобро се снајде Милош Спасовски за уште поголемо водство. Избраниците на Карелвски “везеа“ по теренот, противникот изгледаше сосема загубено. До крајот на првиот дел уште три пати ја тресевме нивната мрежа и тоа со головите на Ангел Крстевски и тоа два и еден на Никита Патаровски. Конечни 7:0 по првото полувреме.
Одличниот Ангел Крстевски го отвори второто полувреме со нов погодок за зголемување на водството од 8:0. На голот претходеше одбиена топка од голманот, кој претходно шутираше Колоски. Во наредниот период следиме нова прилика за Колоски и две погодени пречки за екипата на Вардар. Конечно шанса и за екипата на Викторија, која упати удар кон нашиот гол но без проблеми за нашиот чувар. Михаил Танчев со гол го постави конечниот резултат на овој меч од 9:0.
Мора да се напомене добрата игра на двете екипи, предводени од Кралевски, кои денес оставија добар впечаток на теренот.