Денес на теренот во населбата Ново Лисиче, се одигра контролен натпревар помеѓу младинските екипи на Фк Вардар и Љубанци. Во еден интерен натпревар, црвено-црните успеаа да забележат победа со минимални 1:0.
Вардарци настапија со следниве 11-сетмина: Трајчевски, Ричков, Личина, Исмаил, Тасевски, Кремчески, Додевски, Даци, Димков, Апостоловски и Димитровски.
Се играа две полувремиња по 45 минути, а моментот на одлука падна во 87 минута, кога со единствениот погодок на Берат Исмаил успеваме да забележиме триумф. За одбележување е првото полувреме, кога противничката екипа не успеаа да реализира удар од белата точка, односно нашиот чувар Трајчевски беше поуспешен. Црвено-црните имаа уште неколку прилики за гол, кои останаа неискористени. Ова се последните подготовки, пред стартот на пролетниот дел од сезоната, каде избраниците на Марковски ќе атакуваат на двојната круна.