Денес на терените на фудбалскиот клуб Работчнички се одигра првото коло во детската фудбалска лига за генерациите родени 2005, 2006 и 2007 година.
Интересен натпревар одиграа двете Вардарови екипи родени “2007“ година и тоа во меѓусебен дуел. На крајот поуспешен беше Вардар 2, кој на овој меч ги водеше тренерот Томче Трајановски, додека на другата страна со Вардар 1 беше Павел Неделковски. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1:2 во корист на Вардар 2.
Уште на почетокот Вардар 2 го отвори резултатот на овој меч, со погодокот на Стефан Младеновски. Во продолжение следува подобра игра на Вардар 1, со неколку шанси за израмнување, но на вистинското место беше голнанот Ведран Колоски. Враќаат и Вардар 2 со полу-прилика преку Војо Стојановски, но и голманот на другата страна Лука Јаневски беше одличен на денешниот натпревар. Двете екипи наметнаа силно темпо на игра, но резултатот по првиот дел остана непроменет 0:1. Се играше во две полувремиња по 15 минути, со 4+1 на теренот.
Првата шанса во вториот дел се случи кога Петар Мицевски со глава се обиде да го совлада Колоски, кој повторно брани одличен удар. Во наредните пет минути од вториот дел се играше на средината на теренот, без поголеми шанси за гол. Уште една прилика за Вардар 1 да го израмни резултатот, во гол шанса се најде Драган Лебариќ. Стигна казната на спротивната страна, откако Кристијан Јаковчевски погоди за зголемување на водството од 0:2. До крајот падна уште еден погодок и тоа за намалување на водството на Вардар 2. Петар Мицевски го постигна најубавиот гол со удар од слободен удар, за конечен резултат од 1:2 на овој меч.