Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) ЕХФ ги објави сите можни противници на РК Вардар во 1/8 финалето од Л.Ш

(ФОТО) ЕХФ ги објави сите можни противници на РК Вардар во 1/8 финалето од Л.Ш

До завршувањето на овогодинешната групна фаза во машкиот сегмент од ЕХФ лигата на шампионите има уште две кола, 13.коло овој викенд и наредниот викенд кога се игра последното 14.коло. Во моментов има поголем број на коомбинации околу евентуалните парови во 1/8-финалето, сепак европската куќа на ракометот објави фотографија од сите можни, евентуални сценарија за 1/8-финалните двомечи во Л.Ш.

На фотографијата од ЕХФ тимовите се претставени со својте “грбови“ и се поставени, секаде ставени каде можно е математички да се пласираат по одигрувањата на последните две кола. Според шемата ако  црвено-црниот ракометен колектив заврши како 5-ти  противник ќе ни  биде  германски Кил. Ова е неповолен расплет на настаните ако го минеме  Кил, во 1/4- финалето најверојатен противник ни е силната  Барселона, и ако можно е гледано теоретски да вкрстиме со  Кјелце и Рајн-Некар или Пик Сегед. Доколку избраниците на Гонзалез завршат 4-ти,  тогаш можните ривали за 1/8-финалето се полесни противници: ППД Загреб, Целје и Висла Плоцк, ако нив ги исфрлиме од овој круг на Л/Ш  ќе вкрстиме со  првопласираниот тим од групата-А: ПСЖ, Фленсбург или Веспрем. А пак ако бидеме на  3-то место тогаш повторно налетуваме на ППД Загреб, Висла или Целје), но во 1/4-финалето, ќе одиме на  второпласираниот од групата А, односно која екипа од овие три  ПСЖ, Веспрем или Фленсбург ќе биде втор за лидерот ќе ни биде можен противник. Теоретски може да се најдеме и на 2-то место во  групата-Б , се разбира тогаш би имале нормално најлесен распоред. Во 1/8-финалето ќе играме со  победникот од баражот мечот  Мешков Брест – Скјерн, а во 1/4-финалето би играле со  подобриот од третопласираниот во групата А и шестопласираниот во групата Б. Сепак остануваат уште две кола, многу можни коомбинации и само 4 бода за освојување, покрај тоа ќе ги очекуваме и резулатите на останатите противници во нашата група. Прв предизвик ни е утре со екипата на Пик Сегед на гости.

dzd