Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Една победа и нерешен резултат за пионерите на Фк Вардар, на контролните натпревари
Една победа и нерешен резултат за пионерите на Фк Вардар, на контролните натпревари

Една победа и нерешен резултат за пионерите на Фк Вардар, на контролните натпревари

Вчера и денес пионерите на фудбалскиот клуб Вардар одиграа два контролни натпревари, против екипите на Шкендија и ССК Драчево. На првиот меч одигран одигра во Тетово, пионерите на Вардар и Шкендија одиграа без победник, со конечен резултат од 1:1. Вардарци беа први кои поведоа на овој меч со 0:1 со голот на Елвир Рамиќ, резултат со кој и се замина на полувреме. Во вториот дел домаќинот од Тетово успеаа да го израмни резултатот на 1:1, што беше и конечен на овој пријателски натпревар. Двете екипи прикажаа добра игра со неколку добри акции и шанси за постигнување на уште некој погодок.

Денес на теренот во Драчево, избраниците на Сашо Тодоровски одиграа уште еден контролен дуел, овој пат со екипата на ССК Драчево. Без поголеми проблеми со една доминација во текот на целиот меч, нашите надежи успеаа да забележат триумф. Конечниот резултат гласеше 3:0. Марко Ѓоргиевски блесна во првиот дел постигнувајќи два погодока, за водство од 2:0. Овој резултат беше актуелен по првиот дел. Во второто полувреме рутински го одработивме мечот и со уште еден погодок, дело на Драган Димитровски го приведовме до крај овој дуел.

Ова беше вкупно четврти контролен натпревар за пионерите на Вардар, после завршување на есенскиот дел во домашните натпреварувања. Ги совладавме Борец во Велес, потоа Работнички, ССК Драчево и едно реми со Тетовска Шкендија.