Денес во спортскиот ракометен центар Кале се одигра третото коло во ракометната “Вардар Јуниор“ лига. Како и што ветија, големите имиња во Жрк Вардар денес беа присутни во салата како поддршка за најмладите дечиња. Андреа Лекиќ беше на клупата на Рк опш. Кисела Вода Вардар, додека нејзината колешка Сања Дамњановиќ беше на спротивната страна од екипата на Рк Ново Лисиче. Ова беше дуел на две екипи генерации родени 2004/2005 година. Дамњановиќ им донесе повеќе среќа на Рк Ново Лисиче, кои издвојуваа победа со резултат 10:5. Ви пренесуваме фотографии од нивната поддршка за најмладите.