Денеска на терените на ФК Работнички се одигра ново коло во Детската фудбалска лига, по пауза од една недела поради големиот празник Велигден. По тој повод денеска Вардар (2) генерација ”2007” одигра два натпревари и тоа против Њу Стар и против Смилковци.
Најпрвин ФК Вардар силите ги одмери со тимот на Њу Стар, овој меч нашите млади играчи го добија со убедливи 6-0. Вардар уште од стартот на натпреварот покажа дека на овој меч противничкиот тим нема што да бара и дека бодовите ќе му припаднат на Вардар. Голеадата ја започна Петар Мицевски кој погоди за 1-0, потоа Вардарци продолжија да го полнат голот на противникот. Марко Крстевски погоди за 2-0, потоа и Петар Котевски погоди за високи веќе 3-0, со овој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел Вардарци продолжија со убедливата игра. Тренерот им даде шанса на сите играчи, по едно невнимание на противнички играч досуден беше пенал за нашиот тим, нашите играчи оваа шанса не ја пропуштија и погодија од белата точка за високи 4-0. Следуваа нови напади на Вардар, за краток временски период Вардар успеа да погоди уште на два пати преку еден ист играч, стануваше збор за Димитар Фидановски. На крај резултатот гласеше 6-0 за нашиот тим.
На последниот натпревар денеска генерацијата 2007 се сретна со одличниот тим на Смилковци. На овој натпревар нашите играчи беа надиграни и убедливо поразени со резултат од 5-1. Смилковци уште од почетокот на мечот одигра одлично, во серија погоди два пати за 2-0, потоа нашите играчи напаѓаа но без посериозна шанса за гол. На спротивната страна Смилковци погоди уште еднаш за високи 3-0. Потоа конечно следуваше гол за Вардар, дело на Петар Мицевски кој го ублажи високото водство на противникот, но точка на овој дуел стави еден играч на Смилковци за убедливи и конечни 5-1 на овој дуел.
Честитки за прикажаната игра до нашите играчи.