Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ново Лисиче и Академија-1 со победи над РК Кастратовиќ во ракометната Јуниор лига за генер. 2002/03 кај девојките
Ново Лисиче и Академија-1 со победи над РК Кастратовиќ во ракометната Јуниор лига за генер. 2002/03 кај девојките

Ново Лисиче и Академија-1 со победи над РК Кастратовиќ во ракометната Јуниор лига за генер. 2002/03 кај девојките

Во спортско рекреативниот центар  “Кале“  во саботата се одиграа дуелите кај девојките во  категорија 2002/2003. Tимовите на Ново Лисиче и Академија-1 однесоа  победи над екипите од  РК Кастратовиќ 2002 и 2003.

Во првиот меч во оваа категорија се сретнаа екипата на Кастратовиќ 2003 и тимот на Ново Лисиче. Мечот први со гол го отворија ракометарките на екипата на Ново Лисиче, по што во следните две акции девојките од тимот на Кастратовиќ 2003 возвратија со два гола. До средината на полувремето се играше цврст меч со малку погодоци на двете страни, а резултатот на семафорот во Кале беше реми 3-3. Девојките од тимот на Ново Лисиче заиграа многу поангажирано во одбраната, а во нападот постигнаа повеќе погодоци до крајот на првиот период. Тие со серија 4-1 заминаа на одмор со за нив највисоки три гола предност со резулат 7-4.
Вториот дел почна со намалување на резулатот одкако девојките од РК Кастратовиќ 2003 погодиа во првиот напад за резулат 7-5. Дефинитивно нивен беше првиот период од вториот дел тие со серија 1-3 се доближија на минимални гол негатива на средината од второто полувреме, а веќе во следната акција и изедначија на 8-8. Сепак  екипата која беше во текот на целиот меч во позитива тимот на Ново Лисиче не дозволи да го изгуби овој за нив важен меч и со финална серија 3-0 со одлична одбрана до крајот однесе победа со резулат 11-8. Кај победничките најефикасни беа Петревска и Василевска со по три пола, а кај поразените најефикасни со по два погодока беа Симоновска и Горгиевска.

Во вториот натпревар во истата категорија се сретнаа екипите на РК Кастратовиќ 2002 и Академија-1. Први со гол овој дуел го отворија младите ракометни надежи на РК Академија-1 , веднаш со гол вратија девојките на Кастратовиќ 2002 веќе во првата нивна акција на дуелот. Потоа следуваше период на доминација на тимот на Академија-1 кој прави серија 0-4 и поведува со 1-5. Младите девојки од тимот на Кастратовиќ 2002 успеваат со два постигнати  гола и еден примен да се вратат во игра  и да намалат на 3-6. До крајот на првиот дел тимот на Академија влегува во нова серија овојпат 0-3 и на полувреме да се замине со резулат 3-9.
Вториот дел почна со погодок на девојките на Кастратовиќ за резулат 4-9. Следеше игра гол за гол на двете страни, се постигнаа два гола во двете мрежи за предноста да остане иста за Академија-1 “плус пет“, при резулат 6-11. Академија зголемува и на 6-12 со што го наговести победникот на овој дуел, сепак во финишот и ако немаа време се обидоа девојките од Кастратовиќ 2002 да стигнат тие до крајот ја подобруваат одбраната и не примаат ниеден гол, а постигнуваат три сепак се поразени со 9-12 во овој дуел. Кај победничките Анчевска со три погодока е стрелец број еден, Крстевска, Кимовска, Урбан и Насева со по два гола се најефикасни во поразениот тим.