Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одиме во Пробиштип по титулата број 10
Одиме во Пробиштип по титулата број 10

Одиме во Пробиштип по титулата број 10

Утре ФК Вардар ќе стави печат на десетата титула и ќе докаже уште една година по ред дека владее во македонскиот фудбал. Утре со почеток во 16 часот на стадионот во Пробиштип нашиот црвено – црн шампион ќе ја запечатува новата титула во своите витрини. На утрешниот меч на ”неутрален” терен ќе ни биде потребен само еден поен за и теоретски да ја обезбедиме титулата на едно коло пред крајот на шампионатот. Оваа сезона тимот на Слога го победивме на два пати, од вкупно трите пресметки. Првата, уште во првото воведно коло од ПМФЛ заврши нерешено 2:2 на домашен терен, но тоа беше само загревање за успешната сезона, на следните два првенствени натпревари на два пати убедливо ги добивме ”чаирчани” и тоа на два пати на гостински терен со убедливи 3:0, и пред неколку недели, кога издвојувавме многу значајна победа, минимална од 1:0.

По повод утрешното славје на љубилејната десета титула, навивачката група на ФК Вардар, популарните Комити организираат заедничко патување за Пробиштип. Заедно со своите миленици да ја прославиме новата љубилејна титула и повторно излезот во Европа, односно најпрестижното натпреварување Лигата на шампионите. Утрешното гостување ќе чини симболични 100 денари. Собирот е на железничка во  11:00 часот.