Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) “2006” на завршен турнир, Вардар (2) загуби и испадна
Вардар (1) “2006” на завршен турнир, Вардар (2) загуби и испадна

Вардар (1) “2006” на завршен турнир, Вардар (2) загуби и испадна

Вардар од генерацијата “2006” со двете екипи денеска ги одигра елиминационите натпревари во Детската лига. Вардар (1) го победи тимот на Шкупи и се пласираше на завршниот турнир, додека пак Вардар (2) загуби од Драчево и ги заврши настапите сезонава.
.
Вардар (1) сигурно со 4:1 го доби дуелот со тимот на Шкупи. Уште на почетокот имавме иницијатива и набргу поведовме. Соло пробив на Алтин Алији по левата страна и од мртов агол го совлада голманот за 1:0. Многу брзо дојде и вториот гол кој го постигна Михаил Николов со глава после една нафрлена топка од левата страна. На полувреме се замина со наша предност од 2:0. Во второто полувреме се играше рамноправно и бележиме пречка на Марко Николовски. Противникот намалува на 2:1. Кристијан Галевски зголемува на 3:1. Повторно Кристијан Галевски погодува за 4:1 но овојпат од пенал откако противникот направи три корни. Со овој резултат заврши дуелот.
.
Вардар (2) за жал загуби со минимални 1:0 од тимот на Драчево и ги заврши овогодинешните настапи. Во првото полувреме бевме подобар противник и создадовме неколку шанси но без реализација. Исто така ни беше поништен гол на Михаил Танчев поради сомнителна офсајд ситуација. На полувреме остана без голови. Во второто полувреме брзо примивме гол и потоа создадовме многу шанси но бевме непрецизни. На самиот крај Данил Ордевски имаше три стопроцентни шанси но резултатот остана непроменет.