Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Двете екипи на ФК Вардар генер. “2008“ успешни и во денешната елиминациска рунда, останува да поминат по уште еден противник за да се пласираат на завршниот турнир
Двете екипи на ФК Вардар генер. “2008“ успешни и во денешната елиминациска рунда, останува да поминат по уште еден противник за да се пласираат на завршниот турнир

Двете екипи на ФК Вардар генер. “2008“ успешни и во денешната елиминациска рунда, останува да поминат по уште еден противник за да се пласираат на завршниот турнир

Вардаровата генерација родени “2008“ година успеаа да поминат по уште една пречка во елиминацискиот дел од детската фудбалска лига. Тие вечерва ги совладаа екипите на Албарса и Сарај.

Првата екипа на Вардар полесно од очекувањата успеа да го добие дуелот со екипата на Албарса. Црвено-црните полесно од очекувањата успеаа да ја победат противничката екипа, со конечен резултат од 13:2. Уште по првото полувреме, избраниците на Павел Неделковски ја осигураа победата, кога имаа убедливо водство од 7:1.Во овој дел од натпреварот по два гола беа дело на Арти Азизи и Ненад Дамјаноски, додека по еден постигнаа Лука Трпевски, Стефан Бранковски и Коста Бошковски. Иако имавме голема предност, продолживме со офанзивната игра и во второто полувреме, кога постигнавме нови шест голови. Повторно голгетерски расположен беше Арти Азизи кој запиша два нови погодоци, вкупно четири зад неговото име на овој дуел. До хет-трик стигна Стефан Бранковски, кој додаде нови два гола во овој дел од мечот, додека Матеј Киш го постигна совјот прв гол и втор гол за најмладиот Лука Трпевски, а еднаш погоди и тимот на Албарса. На крајот конечниот резултат гласеше 13:2.

Втората екипа за противник ја имаше екипата на Сарај, која ја совлада со резултат од 5:1. Во првиот дел од мечот имавме целосна доминација на овој дуел, а резултатот со погодок го отвори Павел Котевски за водство од 1:0, кој е генерациски роден “2009“. За кратко време го зголемивме резултатот на 2:0, со голот на Бојан Пешов, откако по левата страна асистираше Павел Андов. До крајот на првиот дел успеваме да го зголемиме резултатот на 3:0, откако екипата на Сарај направи три корни. Сигурен реализатор беше Петар Јаковлевски. 

Во вториот дел во листата на стрелци се запиша и Јаков Стојковски, уште еден играч кој е генерациски роден “2009“ година, кој му донесе веќе високо водство на Вардар од 4:0. Во следниот период, противничкиот тим успеа да постигне почесен гол и да го  намали резултатот на 4:1, за точка на овој дуел со својот прв гол денес да стави Павел Андов, за конечен резултат од 5:1. Мора да се напомене дека денес на голот беше Филип Сребров, кој длично бранеше а на сето тоа и одбрани удар од белата точка.

За да се пласираат на завршниот турнир, оваа генерација на Вардар во текот на утрешниот ден ќе мора да помине по уште еден противник