Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шкендија-Вардар, во последното коло од регионалната-скопска лига
Шкендија-Вардар, во последното коло од регионалната-скопска лига

Шкендија-Вардар, во последното коло од регионалната-скопска лига

Во текот на утрешниот ден последното коло во регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2003“ и “2004“ година. Нашите млади надежи гостуваат во Тетово, на екипата на Шкендија, во термините од 10 и 12 часот.  Мечевите и кај двете генерации немаат резултатско значење, со оглед дека вардарци веќе го подигнаа трофејот.

Веќе четири натпревари одиграа екипите на Вардар и Шкендија, кај генерацијата родени “2003“ година. Два беа во рамките на регионалната лига, од кои по еден им припадна на двата тима, додека два меча беа во рамките на 1/4 од купот на Македонија, на кои избраниците на “Чунга Лунга“го елиминираа противникот. На теренот на Академијата триумфиравме со резултат 3:1, додека на гостувањето одигравме без голови.

Генерацијата на Вардар родени “2004“ година ќе се обидат да стигнат до нов триумф оваа сезона во дуелите со Шкендија. Двата меча во региналната-скопска лига ги добивме со резултат од 1:0 и 9:1, додека истиов противник го совладавме и во големото финале на купот, кога избраниците на Кралевски триумфираа дури по изведување на удари од белата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен реултат 2:2.