Утрешниот натпревар во Автокоманда на кој се среќаваат домаќинот Металург и нашиот Вардар, ќе биде одигран од 19 часот и 30 минути.
Овој натпревар нема да има никакво резултатско значење за двете екипи, а Вардар ќе ја добие својата нова титула. Освен тоа, утре последениот натпревар во дресот на Вардар пред скопската публика ќе го имаа тренерот Гонзалез, неговиот помошник Давид Дејвис, како и играчите Штербик, Циндриќ, Марсениќ, Македа, Абутовиќ и Кањељас.
Дојдете да ги поздравиме шампионите и да славиме титула! Влезот е слободен.