Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Прва победа на турнирот “Пандев “2018„ за ФК Вардар генер. “2005„, пионерите иако загубија имаат големи шанси да се најдат во полуфиналето
Прва победа на турнирот “Пандев “2018„ за ФК Вардар генер. “2005„, пионерите иако загубија имаат големи шанси да се најдат во полуфиналето

Прва победа на турнирот “Пандев “2018„ за ФК Вардар генер. “2005„, пионерите иако загубија имаат големи шанси да се најдат во полуфиналето

Прва победа за вардаровата генерација “2005„ на силниот меѓународен турнир “Пандев 2018„ откако попладнево со резултатски пресврт ја совлада екипата на Јагодина од Србија. Конечниот резултат гласеше 2:1.

Тренерот Јанев се одлучи за следниве 11-сетмина: Илиевски, Конески, Кулуковски, Таневски, Галевски, Јакимовски, Цветков, Јовановски, Лефковски, Коловски, Величковски. 

По првото полувреме противникот од Србија имаше предност од 0:1. Сепак во вториот дел нашите млади надежи покажаа карактер, заиграа подобро и успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Најпрво резултататот на 1:1 го израмни Горјан Цветков, за конечните 2:1 во последната минута да ги постави стоперот, Влатко Кулуковски.

Треба да се напомене дека оваа генерација на овие два натпревари настапува без двајца важни играчи, Тино Спасиќ и Матеј Гаштаров, па шанса добиваат и играчи кои се родени “2006„ година. На денешниот дуел во стартниот состав беа Галевски и Коловски, момчиња кои се една година помлади.

Кај оваа генерација, Национал и Вардар имаат по 4 освоени бодови, додека Јагодина има 3, а Еуроспорт е без бодови. Во утрешното последно коло, Вардар се среќава со тимот на Еуроспорт од Куманово.

После вчерашниот триумф, прв пораз за пионерите на Вардар, кои го загубија дуелот од екипата на Темишвар од Романија. Вардарци беа поразени на овој меч, па во утрешното 3.коло од групата ќе мораат да освојат најмалку еден бод во дуелот со екипата на Победа од Прилеп, доколку сакаат да се пласираат во полуфиналето.

Тренерот Кралевски денес стартуваше со следниот состав: Величковски, Петејчук, Крстевски, Величковиќ-Радуловиќ, Асани, Гугуљанов, Салиу, Хасани, Демири, Мирков, Омерагиќ.

На вториот натпревар од иставата група, екипите на Бубамара и Победа ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 2:2.

Екипата на Темишвар е сигурен патник во полуфиналето, со оглед дека имаат 6 бодови. На второто место е Вардар со 3, додека екипите на Бубамара и Победа имаат по 1 освоен бод.