Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ја отвара новата сезона во ЛШ, на 15-ти септември со гостување кај Монпелје
Вардар ја отвара новата сезона во ЛШ, на 15-ти септември со гостување кај Монпелје

Вардар ја отвара новата сезона во ЛШ, на 15-ти септември со гостување кај Монпелје

Својата нова сезона во Лигата на Шампионите, екипата на РК Вардар ќе ја стартува на 15-ти септември, со гостување во Франција против екипата на Монпелје. Ова ќе биде еден вид реприза на полуфиналето, од последниот завршен турнир во Келн, на кој црвено-црните го освоија четвртото место, додека токму Монпелје успеа да стане шампион на Европа. Во договор со клубовите и телевизиските медиуми кои ќе ги пренесуваат мечевите од најголемото натпреварување, ЕХФ ги одреди термините и саатниците на одигрување мечеви, во првите 10 кола во најсилната група А.

1. КОЛО – 15.09.2018

Монпелје – Вардар (17:30 ч.)

2. КОЛО – 22.09.2018

Вардар – Кристијанштад (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански“)

3. КОЛО – 29.09.2018

Веспрем – Вардар (17:30 ч.)

4. КОЛО – 06.10.2018

Вардар – Рајн Некар (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански“)

5. КОЛО – 14.10.2018

Киелце – Вардар (17 ч.)

6. КОЛО – 03.11.2018

Вардар – Мешков Брест (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански“)

7. КОЛО – 10.11.2018

Вардар – Барселона (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански“)

8. КОЛО – 14/18.11. 2018

Барселона – Вардар

9. КОЛО – 24.11.2018

Мешков Брест – Вардар (19 ч.)

10. КОЛО – 01.12.2018

Вардар – Кјелце (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански“)