Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за вардаровата генер. „2006“ во градското дерби со екипата на Работнички
Победа и пораз за вардаровата генер. „2006“ во градското дерби со екипата на Работнички

Победа и пораз за вардаровата генер. „2006“ во градското дерби со екипата на Работнички

Денес на терените на ФФМ своето пролетно коло во детската лига, го одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2006“ година. Избраниците на Филип Спасевски за противник ја имаа екипата на Работнички, забележувајќи по една победа и пораз.

3

Најпрво на терен излегоа екипите на Вардар (2) и Работнички (2), а поуспешни за еден гол беа романтичарите. Првиот директен удар кон еден од двата гола го имаше тимот на Работнички, но успешно одбрани Максим Краљевски. Вардар ја имаше првата стопроцентна прилика на овој дуел, но еден од играчите на Работнички успеа да ја исфрли топката од гол линијата и да спречи негатива. Затоа противникот успеа да ја реализира својата прва голема прилика и да го совлада нашиот гол, за отварање на резултатот 0:1. Повторно се закани противникот, но нова одбрани за голманот Краљевски.

1

Сепак тимот на Работнички успева да ја удвои предноста и со нов гол во нашата мрежа да зголеми на 0:2. Митев се закани во нашиот состав, но одбрани голманот, а Вардар имаше голема прилика, преку Михаил Танчев кој немаше среќа, погодувајќи ја само пречката од голот, после нафрлена топка од корнер.Имавме обид и преку Цониќ, но без реализација. Вардар сепак до крајот на првиот дел успеа да постигне гол и да го намали резултатот на 1:2 со голот на Ангел Настевски, кој беше актуелен на полувреме.

2

Гледавме интересно второ полувреме, во кое екипата на Работнички успеа да постигне два гола и да зголеми на 1:4, но Вардар врати исто така со два погодоци. Пред да го намалиме резултатот во шанса се најде Цониќ, кој шутира покрај голот, додека Вардар намали со голот на Марко Митев, откако прво биеше Михајловски, на одбиената стигна Митев кој погоди за 2:4. Брзо реагиравме со уште еден гол во противничката мрежа, откако втор пат денес погоди Настевски за намалување на 3:4. Можеме да жалиме што не успеавме да израмниме, откако Максим Митревски од голема далечина ја погоди стативата, а обид имаше и Танчев, но одбрани голманот. На крајот победа за Работнички, со резултат 3:4.

Интересен меч со шанси и голови на двете страни, одиграа и екипите на Вардар (1) и Работнички (1), според играта и шансите, победа ја заслужи Вардар, кој на крајот славеше со резултат 3:1. Уште во првата минут од мечот успеавме да го отвориме резултатот откако погоди Алтин Алији, за предност од 1:0. После пет минути, противникот го врати голот и израмни на 1:1. Гледавме вистинско дерби, на кое и двете екипи беа во атак кон голот. Обид прв имаше и Величковски, кој шутира, но одбрани денес одличниот голман на Работнички.

4

Удар одбележуваме и на Нуман Ајетовиќ, топката оди покрај голот, како и одличната шанса на Алији, но резултатот остана непроменет. Кај Вардар се истакна и голманот Андреј Данстак, кој денес на неколку наврати одбрани неколку незгодни удари на Работнички. Вардар напаѓаше, имаше шанси, повторно во акција, Алији, кој бие, но голманот на Работнички со врвот на прстите исфрла во корнер. Добра прилика и за Марко Николовски, без реализација, како и за одбележување е еден удар на противнички играч, кој го одбрани Данстак.

52983089_10213910384575940_5528517989726420992_n

Второто полувреме започна со силно темпо, Вардар се обидуваше да поведе, а Работнички во контра-напади да изненади. Откако Николовски нафрли од корнер, во прилика се најде Димитар Порчу, кој со глава бие во пречката. Два обиди имаше Николовски во една иста акција, и во двата наврати одбрани противничкиот голман. Црвено-црните повторно се обидоа преку Величковски, кој шутира покрај голот, додека се обиде и Ајетовиќ кој бие со глава, но одбрани голманот.

6

Пред да постигнеме гол, големаа прилика за Нуман Ајетовиќ, кој го помрдна голот, погодувајќи ја само пречката. Во последните пет минути беше скршен отпорот на противникот, и тоа со два феноменални голови од слободен удар. Најпрво Алтин Алији, го изненади голманот на Работнички, за враќање на предноста од 2:1, додека точка на мечот од речиси истото место, стави и Марко Николовски, за конечни 3:1 на овој дерби дуел.