Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2006 со еден триумф и пораз, во денешното коло од детската лига
ФК Вардар генер. 2006 со еден триумф и пораз, во денешното коло од детската лига

ФК Вардар генер. 2006 со еден триумф и пораз, во денешното коло од детската лига

Генерацијата на ФК Вардар родени 2006 година денес одиграа ново коло во детската лига. Иако уморни после напорниот турнир во Бугарија, денес нашите млади надежи одиграа два натпревари во детската лига.

Немаа многу одмор вардарци со оглед дека вчера во вечерните часови пристигнаа од турнир во Бугарија, на кој го освоија второто место. Најпрво на теренот излезе Вардар (1) кој беше подобар во дуелот со екипата на Албион (2:1). Противникот беше тој кој успеа во првите пет минути да го отвори резултатот, откако поведе со 0:1. Од прва Данстак одбрани, но не и од одбиената топка, кога еден од противничките играчи ја затресе нашата мрежа. Ние се обидовме од иста ситуација од прекин, да постигнеме гол, но тоа не им успева најпрво на Николовски, а потоа и на Ајетовиќ. Сепак до крајот на првиот дел успеваме да израмниме, откако од голема далечина успева да погоди Марко Николовски за израмнување на 1:1.На полувреме актуелн беше овој резултат.

1 2

Црвено-црните ја имаа првата поголема шанса во вториот дел, откако после одлична акција, додаде Нуредини до Алији, овој од прва шутираше, но одбрани голманот на Албион и спречи негатива. Избраниците на Спасевски имаа целосна иницијатива во вториот дел, додека противникот се обидуваше да изненади од контра-напад. Се обиде Величковски кој шутира покрај голот, како и Миовски, но брани голманот. Албион упати сериозен удар кон нашиот гол, но одбрани Андреј Данстак. Доминацијата ја претвараме во погодок, за прва предност на нашиот состав.

3

Пресековме топка од средината на теренот, Николовски додаде несебично до Алији, овој не греши, успева да постигне гол, со удар по земја за водство од 2:1. Истиов играч имаше одлична прилика предвреме да го реши победникот, но шутира покрај голот. До крајот на мечот без поголеми возбудувања. Победа на Вардар со резултат од 2:1.

Вардар (2) доживеа и втор последователен пораз во детската лига, откако денес беа поразени и од екипата на Сарај, со резултат 2:3. Лошо го започнавме и овој меч, кога први примивме гол и имавме негатива од 0:1. Вардар прв се закани преку Танчев, после наша добра акција, за жал беа реализација. Од прекин се обиде и Динов, но само шутира покрај голот, додека Максим Цониќ е играчот кој донесе израмнување откако изненадувачки бише од голема далечина, голманот на Албион мислеше дека топката не оди во гол, па ни воопшто не интервенираше, а топкат на крајот ја вадеше од мрежата, за израмнување на 1:1. Сепак до крајот на првиот дел, противникот постигна нов гол и на краток одмор замина со предност од 1:2.

4

Во второто полувреме, Вардар се обиде да направи нешто повеќе, но тешко им одеше. Се закани Сарај, одбрани Краљевски за да спречи поголема негатива. Противникот стигна и до својот трет гол и речиси сите беа слични, за зголемување на 1:3. Во последната минута од дуелот погоди за нас Олег Михајловски, но само за да намали на 2:3. Веднаш потоа судијата отсвири крај на натпреварот.