Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар одиграа реми со Њу Старс
Кадетите на ФК Вардар одиграа реми со Њу Старс

Кадетите на ФК Вардар одиграа реми со Њу Старс

Кадетите на ФК Вардар денес на домашен терен одиграа реми 2-2 со екипата на Њу Старс. Мечот кој се играше на Академијатa на Вардар во Градски парк заврши со поделба на бодовите. Дуелот го започнавме со овој состав: Величковски, Зендели, Митревски, Николов, Бојковски, Игнатов, Ристовски, Спировски, Ѓурковски, Мирчевски и Цури.

Првиот дел  во кој двата тима имаа прилики за гол заврши со минимална предност на гостинот. Од четирите гола на оваа средба само еден видовме во првиот период.  На самиот почеток во 7.минута нашиот ривал успеа да поведе со 0-1 преку Мустафа Емир. Токму со овој резултат се замина на одмор на оваа средба.

Ние тргнавме офанзивно со цел да ја вратиме резултатската симетрија на почетокот на вториот дел. Успеаве да изедначиме на 1-1 во 48.минута преку Ѓурковски Александар. Имавме повеќе од играта и тргавме по водство. За целосен пресврт со гол за 2-1 погоди нововлезениот Атом Фазљиу во 54.минута. Се обидовме до крајот да го сочуваме водството и да дојдеме до цел плен, сепак не успеавме. Противникот во 75.минута изаднаначи на 2-2, резултат со кој се оконча оваа средба.