Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за РК Ангели и Урдаревски во машкиот дел од „Јуниор Лигата“
Победи за РК Ангели и Урдаревски во машкиот дел од „Јуниор Лигата“

Победи за РК Ангели и Урдаревски во машкиот дел од „Јуниор Лигата“

Денес во големата сала на С.Ц. Јане Сандански стартуваше 8.коло во ракометната  вардарова „Јуниор лига“.

3

Прв меч на програмата беше кај генерацијата 2008/09, во кој се сретнаа машките екипи на Ангели и Партение Зографски. Поуспешна за еден гол беше екипата на Ангели која славеше со резултат 9:8.Екипата од Волково која е предводена од Силвана Миленковиќ имаше подобар старт на овој меч кога поведе со 3:0, но Партение Зографски се ослободи од почетниот притисок, врза два гола во серија за намалување на 3:2. Следеше нова серија на Ангели од три оследователни погодоци за да се одлепи на 5:2, но до крајот на првиот дел Парт.Зографски се погрижи да гледаме и неизвесно второ полувреме, кога намали на 6:4.

2

Сепак Ангели имаа контрола на резултатот, немаа голема предност, но доволна на крајот да се стигне до победата. Поведоа со 8:6, намали екипата на Парт.Зографски на еден гол, но немаши сили и за израмнување. на крајот победа за Ангели.

8

Во машкиот дел се одигра и меч кај генерацијата родени 2004/05 помеѓу екипите на РК Филип и Урдаревски, кои одиграа неизвесен меч кој им припадна на тимот од Скопје, минимално со резултат 20:21. И тука гледавме неизвесен натпревар, во вториот дел речиси да се играше гол за гол, а двете екипи само во еден период имаа два гола разлика. Тоа се случи на стартот од натпреварот кога екипата од Прилеп, РК Филип поведе со 2:0, но до 10.минута, екипата на Урдаревски направи пресврт и имаше предност од 4:6. Сепак бргу РК Филип воспостави резултатска рамнотежа кога го израмни резултатот на 7:7 и од тие моменти па се до крајот на првиот дел се играше гол за гол, додека по првото полувреме, тимот на Урдаревски имаше водство од 10:11.

9

На стартот на вториот дел по еден гол постигнаа двете екипи, за резултат од 11:12 на семафорот, но Урдаревски успеа да го направи првиот исчекор кон победата, направи серија од 1:5 и се одлепи на највисоки 12:17. Кога се мислеше дека ќе биде познат победникот на овој меч, екипата од Прилеп демантира, играше подобро па успеа да се доближи на само еден гол разлика (17:18) беше резултатот на семафорот во С.Ц. Јане Сандански. Сепак Урдаревски се соземе постигна два гола по ред и повторно имаше солинди 17:20 на пет минути до крајот. До крајот успеа РК Филип само да намали, но недоволно за пораз од 20:21 на овој интересен меч.

7