Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за ФК Вардар генер. 2010 во дуелите со екипата на Форца
Победа и пораз за ФК Вардар генер. 2010 во дуелите со екипата на Форца

Победа и пораз за ФК Вардар генер. 2010 во дуелите со екипата на Форца

Фудбалерите на Вардар родени 2010 година на стартот од новата сезона во Детската лига одиграа натпревари против екипата на Форца. Вардар (1) го доби натпреварот, додека пак Вардар (2) загуби од скопскиот тим.

Вардар (1) како што рековме го доби натпреварот во првото коло од новата сезона. Играчите на Влатко Колев одиграа добар натпревар и заслужено ја запишаа првата победа оваа сезона. Далибор Марковиќ од пенал го отвори резултатот, а потоа екипата на Форца израмни на 1:1. За нова предност на Вардар се погрижи Ристиќ Стефан со својот прв погодок и Филип Наумовски за високи 3:1. Во вториот дел за повисока предност стрелаше Благојче Седлоски  за веќе недостижни 4:1, а победата и последниот гол ја донесе Стефан Ристиќ од пенал со својот втор гол денеска, за убедливи и конечни 5:1.

1 2 3 5

Вардар (2) немаше свој ден и го загуби натпреварот од тимот на Форца (2) со минимален резултат од 1:0. Во првиот дел освен една шанса на Дарио Илиќ и статива на екипата на Форца ништо познајачно не се случуваше. Во вториот дел, Петар Васоски со глава се обиде но голманот на Форца одбрани. Потоа противникот погоди по една убава акција за предност. До крајот на дуелот Вардар не го најде патот до мрежата на противникот па така го загуби натпреварот.

6 7 8 9