Најдобриот поединец на дуелот во Монпелје и најдобар стрелец во тимот на европскиот шампион, Сташ Скубе, заслужено и очекувано се најде во изборот на најдобрите седум ракометари на првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Скубе одигра извонреден натпревар во Франција кај екс шампионот на Европа и со седум погодоци и уште неколку феноменални асистенции беше движечката сила на Вардар кон голема победа и запишување на првите бодови.
Најдобрата „седумка” на првото коло изгледа вака:
Лево крило: Диего Бранкиљо (Порто)
Лев бек: Никола Билик (Кил)
Среден бек: Сташ Скубе (Вардар)
Десен бек: Мадс Кристијансен (Алборг)
Десно крило: Валентин Јоанеа (Спортинг Лисабон)
Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Голман: Андреас Волф (Келце)
Видеото од најдобрите за првото коло можете да го погледнете ТУКА.