Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2010 со победа и пораз во денешното коло од детската лига
ФК Вардар генер. 2010 со победа и пораз во денешното коло од детската лига

ФК Вардар генер. 2010 со победа и пораз во денешното коло од детската лига

Денес на терените ново коло во детската фудбалска лига одигра генерацијата на ФК Вардар родени 2010 година. Тие забележаа по една победа и пораз во дуелите со екипата на Биџо од Куманово.

Најпрво на теренот излезе екипата на Вардар (1) која беше поразена во дуелот со тимот на Биџо (1), со резулат. На полувреме резултатот беше 1:1. Прв до водство стигна Биџо кој поведе со 0:1, додека Вардар успеа да израмни со голот на Дарио Илиќ. Во првиот дел две шанси имаше Лука Пацевски, кои останаа нереализирани.

b2

Во вториот дел екипата на Биџо ги искористи своите шанси, за разлика од вардарци, кои немаа добра реализиција на овој дуел. Поведе екипата од Куманово со 1:2, за ние да имаме прилика преку Марковиќ, како и преку Ристиќ кој од бид од прекин, но одбрани противничкиот голман. Биџо набрзина постигна уште два гола за водство од 1:4, а до крајот на мечот прилики за Вардар имаа Чедевски и Наумовски кои шутираа крај голот.

b

Победа во дуелите со истиов противник оствари Вардар (2) кој го совлада Биџо (2) со резултат од 3:0. Сите голови за Вардар на овој дуел беа дело на еден ист играч, се работи за Благојче Седлоски.  Играчот кој денес слави именден успеа да одигра одлична партија. Со неговиот погодок поведовме со 1:0, додека во првиот дел шанси имаа Данилл Диаков и Јован Спасевски, но резултатот остана 1:0 за нашиот тим.

Во вториот дел на голот застана Лука Пацески, кој имаше неколку добри одбрани. Повторно со голот на Седлоски ние стигнавме до водство и од 2:0. Прилики во овој дел од мечот имаа Лозановски и и Михајлов, кои останаа неискористени. До крајот на овој дуел, хет-трик за Седлоски, кој ги постави конечните 3:0 на овој дуел од детската лига.