Во дербито на колото, на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје меѓусебе фудбалските сили ќе ги одмерат Вардар и А. Пандев. Денешниот дуел ќе биде директен дуел за второто место на првенствената табелата. Доколку нашиот тим го добие попладневниот натпевар, ќе побегне на комотна предност пред денешниот ривал.
На денешниот дуел одбраната на Вардарци ќе има уште поголем мотив да ја сочува и на овој натпревар мрежата недопрена. Гачевски е во серија од речиси 500 минути без примен гол, па секако дека овој податок ќе биде уште поголем „плус” играчите да одиграа супер натпревар и уште еден меч во серија да остане мрежата сочувана.
Кога се повредените играчи во прашање, кај Вардар и денеска ќе ги нема Брдаровски, Битанг и Најдовски, додека пак кај гостинот по се изгледа нема да игра најдобриот играч, Дориев.
Дојдете на стадионот во населбата Маџари од 15 и 30 часот, да навиваме за нашиот тим и да се радуваме на уште една победа на домашен терен.