На денешната програма од ракометната „Јуниор Лига“ беа два натпревари во машкиот дел кај генерацијата родени 2008/09 година. Победи забележаа екипите на Бисинов
Во првиот меч кај оваа генерација се сретнаа екипите на Кисела Вода и Бисинов. Славеше на крајот екипата од Велес со резултат 9:20. Екипата на Бисинов имаше подобар старт на мечот кога обезбеди водство од 0:6, по што беше јасно каков тек ќе има овој натпревар. Првите голови ги постигна и Кисела Вода за да намали на 2:8, но на полувреме, Бисинов беше во висока предност од 2:10.
Во вториот дел стигна и двоцифрената предност за екипата на Бисинов, која поведе со 4:14. Имаа избраниците на Никола Бисинов, додека водството растеше во нивна корист, а највисоката позитива која ја имаа беше 12 гола позитива. На крајот заслужено победија на овој меч од „Јуниор Лигата“.
Екипата на Седмерец од Охрид славеше против екипата на Бисинов, во истава возрасна генерација. Првите два гола на мечот беа за екипата на Седмерец која поведе со 2:0, за првиот гол да го постигне и Бисинов кои намалија на 2:1. До крајот на првиот дел екипата од Охрид направи серија од 4:0 и на полувреме имаше водство од 6:1.
Истава позитива од пет гола ја имаа и на средината на вториот дел кога поведоа со 8:3. До крајот на дуелот тимот на Седмерец постигна четири гола во серија, за конечен резултат од 12:3.