Денес на терените на ФФМ, шесттото коло во детската фудбалска лига го одигра генерацијата на Вардар родени “2005“ година. Тие одиграа два натпревари, на кои забележавме по една победа и пораз.
Вардар (1) за противник го имаше тимот на Грозданоски, кој го совлада убедливо со резултат 20:0. По првото полувреме резултатот беше 8:0. Ви ги презентераме паралелно стрелците на сите погодоци за црвено-црните на овој дуел.
Влатко Кулуковски 1:0
Никола Величковски 2:0 и 3:0
Матеј Гаштаров 4:0 ( од пенал по три корни на противникот)
Никола Величковски 5:0
Матеј Гаштаров 6:0, 7:0 и 8:0
Влатко Кулуковски 9:0
Матеј Николовски 10:0
Тино Спасиќ 11:0
Никола Величковски 12:0
Матеј Николовски 13:0
Никола Величковски 14:0
Матеј Гаштаров 15:0
Никола Величковски 16:0
Тино Спасиќ 17:0
Леонид Илиевски 18:0 ( три корни пенал)
Филип Јовановски 19:0
Матеј Гаштаров 20:0
Вардар (2) го загуби дуелот со екипата на Кул. Не паметиме послаб натпревар за оваа екипа на Вардар, која речиси и да не создаде ниту една поголема шанса, а не паметиме и кога не успеале да постигнат гол на мечевите во детската лига. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 0:2. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0.