Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Женската екипа на Кале-Кичево ја освои “Јуниор“ лигата, кај генер. 2006/07, бронзениот медал е за Опш.Кисела Вода
Женската екипа на Кале-Кичево ја освои “Јуниор“ лигата, кај генер. 2006/07, бронзениот медал е за Опш.Кисела Вода

Женската екипа на Кале-Кичево ја освои “Јуниор“ лигата, кај генер. 2006/07, бронзениот медал е за Опш.Кисела Вода

Екипата на РК Кале од Кичево е освојувач во женскиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генерацијата родени 2006/07 година. Тие во големото финале ја совладаа екипата на Делчево-Вардар, со резултат 16:12, додека третото место е за девојките од Опш.Кисела Вода.

3

Откако Кале дојде до предност од 2:0 и 3:1, успеа екипата на Делчево со два гола во серија да го израмни резултатот на 3:3. Сепак од тие моменти следи серија за девојките од Кичево од три последователни голови, за прв пат на мечот да имаат предност од 6:3. До крајот на првиот дел успеаа да го зголемат водството и на одмор да се замине со резултат 9:5.

1

На стартот од вториот дел, Кале- Кичево го “скрши“ резултатот кога со два последователни голови зголеми на 11:5. Ова беше највисоката предност во текот на мечот, а во продолжение од дуелот, Делчево успеа да ја преполови негативата до три гола разлика (14:11), но немаше многу време за поголеми возбудувања. Екипата на Кале на крајот триумфираше со резултат 16:12 и заслужено го освои првото место во оваа возрасна категорија.

2

Во дуелот за “бронза“ до истата стигна екипата на РК Општина Кисела Вода Вардар која во “малото финале“ го совлада тимот на РК Нова Лисиче Вардар со резултат 11-5 (4-3).  Бронзениот тим отвори со почетни 3-0 на овој натпревар и најави дека ќе оди на победа и обезбедување на бронзените медали. До крајот на првиот дел девојките од Ново Лисиче успеаа да ја намат предноста и да заминат на одмор со минимална негатива од еден гол. На одморот на семафорот в “Кале“ стоеше 4-3 за Кисела Вода.

77

Вториот дел почна идентично со серија  на екипата на Кисела Вода која се одлепи на 7-4 на самиот почеток. Нивниот тим играше подобро и во вториот дел и заслужено дојде до треттото место во женска конкуренцција во генерација родени 2006 и 2007 кај дамите. Тие на крајот победија со шест гола предност односно со резултат 11-5.