Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2006“ оствари една победа и пораз во разигрувањето за учество на завршниот турнир
ФК Вардар генер. “2006“ оствари една победа и пораз во разигрувањето за учество на завршниот турнир

ФК Вардар генер. “2006“ оствари една победа и пораз во разигрувањето за учество на завршниот турнир

Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички започнаа елиминациските натпревари во детската фудбалска лига, за генерации родени “2006“ и “2007“ година. Избраниците на Игор Кралевски забележаа една победа и пораз. Противници ни беа тимовите на Работнички и Милано.

ФК Вардар (1) генер. “2006“ за противник го имаше тимот на Работнички. На овој натпревар забележавме победа од 5:0. Повеќе од заслужен триумф за оваа екипа, која не му дозволи на противникот да направи ниту една посериозна прилика. Прва голема прилика за погодок имаше Марко Николовски, кој шутираше блиску покрај голот на Работнички. Обид и за Драган Јанкоски, но резултатот сеуште е оној почетниот. Целосна доминација на Вардарци, само прашање беше времето кога ќе погодиме. Нова шанса, овој пат за Давид Голубов, Конечно погодуваме, стрелец за отварање на резултатот од 1:0 беше Дарко Сековски, на асистенција на Давор Лефковски. Набргу успеваме и по втор пат да ја тресеме мрежата на противникот, асистентот на претходниот погодок сега се запишува во листата на стрелци. Лефковски денес одигра одличен меч и стрела за предност од 2:0. Уште еден погодок за Давор Лефковски и тоа интересен, откако ова момче шутираше од средината на теренот, изгледаше дека ќе биде лесен “плен“ за противничкиот гол, кој ја испушти топката од рацете и заврши позади неговиот грб. Со резултат од 3:0 заврши првиот дел.

Конечно во вториот дел првиот удар му припадна на Работнички, кој се најде во ситуација да постигне почесен гол, но Андреј Данстак е на вистинското место. Во продолжение од мечот шансите пред противничкиот гол се редеа во секоја минута. Најпрво Николовски шутира, за голманот да одбрани, додека во следната акција овој играч асистира до Голубов, кој упатува удар покрај голот. Во следната акција и тоа два обиди имаше и за Дамјан Крстевски, но резултатот останува оној истиот од првиот дел. Работнички не можеше да одолева на нападите на Вардар, па мораше уште на два пати да ја вади топката од својата мрежа. Давид Голубов со својот прв гол на овој меч зголемува на 4:0. Конечниот резултат од 5:0 беше дело на Дарко Сековски. 

vardarfans detska liga

ФК Вардар (2) пак го загуби својот натпревар против екипата на Милано, со резултат од 2:0. Се се случи набрзина, кога противникот успеа со два брзи гола да поведе со 2:0, што на крај се покажа како конечен резултат. Невнимание во нашата одбрана не чинеше два примени голови. Најактивен после примените погодоци беше Максим Цониќ, чии удари на два пати успешно ги бранеше голманот на Милано, додека во третиот случај шутираше покрај голот. Во вториот дел, пробавме со игра на противничката половина да го загрозиме голот. Во шанси се најдоа Михаил Николов и Максим Цониќ, но резултатот остана непроменет. Се виде дека посебен акцент, тренерот Кралевски стави на една екипа, со која до крајот ќе се бори за првото место. Утре Вардар (1) го очекува решавачкиот меч за пласман на завршниот турнир во детската лига.