Вчера на терените на фудбалската федерација на Македонија започнаа елиминациските натпревари од детската лига. Фудбалскиот клуб на Вардар, генерација родени “2003“ година успеа да оствари две победи и да се пласира на завршниот турнир во оваа лига. Прв противник ни беше екипата на Шкупи, против која остваривме триумф со 3:0
По првата победа следуваше решавачкиот натпревар, каде се сретнавме со екипата на Милано, која ја победивме исто така со убедливи 5:0. Противникот немаше никава шанса за надигрување со нашите млади надежи, кои покажаа како се игра вистински фудбал.