Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите од третото коло во детската фудбалска лига. Први отворија генерацијата на Вардар родени “2006“ година.
Вардар (2) денес за противник го имаше тимот на Куманово. Првиот обид за отварање на резултатот го имаше Михаил Танчев, но резултатот остана оној почетниот. Втор кој се најде во прилика беше Трифиновски, но без реализација. Вардаарци беа поактивни на теренот, но првиот гол падна во нашата мрежа, откако црвено-црните си постигнаа авто гол и дозволија противникот да има предност од 0:1. Иако се обидовме да стигнеме до погодок, по првото полувреме резултатот беше 0:1 во корист на Куманово.
Второто полувреме започна исто како и првото, во шанса се најде Танчев кој не успева да погоди. Црвено-црните надежи на Филип Арсовски со сите сили тргнаа кон противничкиот гол во обид да го израмнат резултатот. Трифуновски повторно во шанса но без реализација. Шансите се редеа пред голот на Куманово и сепак нашиот состав успева да стигне до израмнување, а стрелец за 1:1 беше Олег Трифуновски. Во следните минути Куманово имаше убава можност од слободен удар да го врати водството, но со одлична интервенција Мартин Ивановски спречи негатива. Грешка во нашата одбрана не чини гол во мрежата на Ивановски, па Куманово повторно има водство од 1:2. Примениот гол лошо влијаеше на нашата игра во продолжение кога примаме уште еден погодок за водство на противникот од 1:3. Тука веќе беше јасно кој ќе ги освои бодовите бидејќи немаше уште многу време. До крајот на натпреварот Вардар имаше можност да намали, но ударот заврши во стативата од потивничкиот гол. Конечниот резултат гласеше 1:3.
За разлика од нив, екипата на Вардар (1) од истата генерација беше убедлива на својот денешен натпревар. Тие немаа никакви проблеми во дуелот со Драчево кој го совладаа убедливо со резултат 10:1. Серијата на погодоци ја отвори денес одличниот Давид Голубов кој постигна дури шест голови. Токму со неговиот погодок го отвараме резултатот на 1:0. Во шанса се најде и Марко Николовски, но неговиот удар завршува над голот на противникот. Повторно Голубов во прилика, но резултатот остана сеуште 1:0. На вториот гол не се чекаше многу време, откако со првиот погодок на Марко Николовски зголемуваме на 2:0.
Ова момче упати силен удар кој беше небранет за голманот на Драчево. Истиов играч во една акција имаше две добри шанси да го зголеми резултатот, но противничкиот чувар на мрежата успешно одбрани. Прв гол на мечот постигна и Дамјан Крстевски исто така со удар од голема далечин, донесувајќи го Вардар во предност од 3:0. Најубавиот гол ан овој меч можеби беше дело на капитенот Дарко Сековски кој речиси од половина терен го матираше голманот на Драчево за убедливо водство од 4:0. Последните пет минути од првиот дел му припаѓаат на Давид Голубов кој со серија од три последователни голови, му носи предност на својот тим ан полувреме од 7:0. Мора да се напомене дека Голубов одигра перфектен натпревар.
На стартот на вториот дел екипата на Драчево успева да намали на 7:1 и да постигне почесен гол кој беше нивни единствен на овој меч. Вардар не застана со офанзивната игра и продолжи со погодоци во противничката мрежа. Повторно гол на Давид Голубов негов петти за предност од 8:1. До крајот на натпреварот уште два гола за Вардар. Најпрво на 9:1 зголемува Марко Николовски, додека серијата на голови ја затвори оној кој и ја започна. Шестти гол на Голубов за конечен резултат од 10:1.
Екипата на Вардар (1) со оваа нова победа го задржа максималниот број на освоени бодови во детската лига.