Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО+Извештај) Девојките на РК Кузман Вардар триумфираа со РК Будимир во меч од Јуниор лигата генер.2000/01
(ФОТО+Извештај) Девојките на РК Кузман Вардар триумфираа со РК Будимир во меч од Јуниор лигата генер.2000/01

(ФОТО+Извештај) Девојките на РК Кузман Вардар триумфираа со РК Будимир во меч од Јуниор лигата генер.2000/01

Во малата сала при спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје денес почна осмото коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај девојките во категорија 2000/2001 се одигра еден дуел, во истиот екипата на РК Вардар Кузман дојде до триумф. Девојките на Александра Кузмановска триумфираа над екипата на РК Будимир Вардар со 15-11 (9-5). Во продолжение ви носиме извештај и фотографии од овој дуел.

t1

Први со гол првиот период од 20.минути го отворија девојките од РК Будимир Вардар, кои по три минути ракомет водеа и со 0-2. Со серија 3-0 РК Кузман Вардар го презема водството и поведе со 3-2 на овој женски натпревар во Јуниор лигата.  РК Будимир изедначи на 3-3, потоа следуваше клучната серија која донесе до тоа да Кузман поведе во овој дуел. Тие направија серија 4-1 и поведоа   на 5 минути до крајот на првиот период, тие отидоа на “плус три“ односно  7-4. До крајот се играше мирно гол за гол и на одмор девојките на Кузмановска отидоа со четири гола позитива, 9-5 на овој дуел.

t4 t8

Вториот дел со два последователни гола го почна екипата на РК Кузман Вардар која отиде на највисоки “плус шест“ односно 11-5 во 23 минута од овој натпревар.  Се до половината на вториот дел се играше мирно гол за гол двата тима постигнаа по два гола, предноста остана иста Кузман водеше со 13-7.  Следеа минути во кој повеќе од играта имаше екипата на РК Будимир Вардар, девојките направија серија 1-3 и намалија на  14-10 пред финишот надевајќи се дека можат да изненадат. До крајот немаше многу време, а и Кузман одигра сигурно чувајчи го водството, тие триумфираа 15-11. Кај победникот најефикасни беа Анастасија Георгиева и Ангела Насковска кои постигнаа по четири гола, во поразениот табор блескаше Олгица Јованова која постигна дури осум гола на мечот.

t2 t3 t6 t9 t10 t11 t13 t14a t15 t18