Денеска на помошните игралишта на ФК Работнички се одигра треттото пролеттно коло во Детската фудбалска лига. Генерацијата 2007 продолжи да реди само убедливи победи, нови во низата победени беа тимовите на Шкупи и Работнички.
Најпрвин на теренот истрча Вардар (1) против Шкупи. Уште од првата минута Вардар почна напаѓачки, шансите и головите пред голот на противникот се редеа, одличен меч одиграа Драган Лебариќ, Емир Саботиќ и Александар Грашески кој постигнаа по три погодоци. На полувреме нашиот тим имаше предност од 7-1, до крајот на мечот вардарци постигнаа уште шест, за вкупно 13:1 на овој дуел.
Стрелци на головите за нашиот тим беа: Драган Лебариќ, Александар Грашески и Емир Саботиќ (3), Стефан Младеновски, Лука Атанасовски, Борјан Томовски и Марко Киш постигнаа по еден погодок.
Вардар (2) се погрижи за перфектен викенд за оваа генерација. Вардарци во целост го надиграа тимот на Работнички и славеа убедлива победа издвојувана со резултат 8:0. Уште од самиот почеток нашите млади момчиња ја контролираа играта и постигаа брз погодок, потоа головите се редеа во мрежата на противникот.
Стрелци на головите попладнево беа: Златко Радески и Војо Стојановски (2), Михаил Крстевски, Алексеј Ивановски, Димитар Фидановски и Никола Јовановски постигнаа по еден погодок.