Денеска на помошните игралишта на ФК Работнички се одигра треттото пролеттно коло во Детската фудбалска лига. Генерацијата 2008 oдигра два натпревари, еден против Форца, еден против Винер Спорт.
Најпрвин на теренот излезе Вардар (1) против Форца. Овој натпревар нашиот тим го доби со резултат 5:2. Овој меч беше еден возбудлив и пред се цврст натпревар, и двете екипи имаа свој шанси во текот на натпреварот за постигнување на повеќе погодоци. По првиот дел нашите момчиња имаа предност од 3:1. Во вториот дел нашиот тим умешно го чуваше водството од два голови разлика, се до крајот на мечот постигнавме уште два голови, за на крај резултатот да гласи 5:2 за нашиот тим. Стрелци на головите попладнево беа: Ненад Дамјановски постигна (3) погодоци, а Арти Азизи постигна (2).
Вардар (2) немаше свој ден денеска. Нашите момчиња загубија од тимот на Винер Спорт од Скопје со резултат 1:0. Ова беше еден многу цврст натпревар со мал број на изгледни шанси и на двете страни. По првиот дел резултатот беше 0:0. Нашите момчиња имаа неколку прилики, но не ги искористија. Во вториот дел на средината на полувремето нашите момчиња имаа голема шанса да дојдат до водство, но таа шанса не беше искористена. Потоа за неколку минути следуваше гол вреден победа за Винер Спорт. Овој резултат беше и конечен.