Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Илинден Вардар и К.Вода Вардар триумфираа кај момците генер.2004/05 во Јуниор лигата
РК Илинден Вардар и К.Вода Вардар триумфираа кај момците генер.2004/05 во Јуниор лигата

РК Илинден Вардар и К.Вода Вардар триумфираа кај момците генер.2004/05 во Јуниор лигата

Во големата сала при С.Ц “Јане Санднаски“ се играа денес мечеви од 8.коло во Вардар Јуниор Лигата, кај момците во генерација 2004/2005 се одиграа два дуела. Во истите победа однесоа РК Илинден Вардар и екипата на  РК  Општина Кисела Вода Вардар.

Во првиот дуел екипата на Опш.Кисела Вода Вардар триумфираше со екипата на РК Вардар ДБ од Кавадарци. Први со гол мечот го отворија скопјани во првиот напад. Потоа тие даваат четири последователни погодоци и поведуваат со 5-0. Конечно во средината на првиот дел кавадарчани даваат почесне гол за 5-1. Следува нова серија на доминантниот скопски тим од 4-0 со која идат на “плус осум“ 9-1. Кавадарчани намалија пред финишот на  9-2, на одмор се замина со резултат 10-2 во корис на Кисела Вода.

kkv

Вториот дел истотака скопјани го отворија со погодок  за 11-2. Следеше повторно канонада во голот на Вардар ДБ, серијата од 6-0 им донесе на скопјани предност од високи петнаесет гола, односно  17-2. Конечно видовме блесок мал на Вардар ДБ тие одиграа одлични 3-4 минути во одбрана не примија гол, а постигнаа два и ублажија на 17-4. До крајот поворно иста слика со 4-0 Кисела Вода триумфираше со 21-4. Христијан Петковски со пет гола беше најуспешен кај победникот, Митре Бошевски постигна половина од головите за поразените односно два.

ili4

Вториот дуел кој беше далеку понеизвесен, тој  донесе триумф за РК Илинден Вардар предводен до Дарко и Александра Јанев над екипата на РК Будимир Вардар со 23-12. Момците од Населбата Илинден отворија со два гола на почетокот и поведоа со 2-0, на тоа РК Будимир одговори со гол за 2-1. До средината на првиот дел се играше гол за гол двата тима постигнаа по три гола за минимална предност на илинденци од  4-3. По овој резултат следеше блесок на момците на Јанев тие прават одлична серија 7-2  со која се одлепија на “плус шест“, односно на 11-5. РК Будимир Вардар со два гола во финишот намали на 11-7, резултат со кој се замина на одмор.

ili2 ili3

Вториот дел со гол за 12-7 го отворија РК Илинден, потоа следуваше период во кој РК Будимир  беше подоминантен и со серија 1-3 се доближи на три негатива,  13-10.  Голманот на Илинден Златко Бошковски влезе во елемент подпомогнат од одличната одбрана, тие направија серија 8-1 со која поведоа со двоцифрена предност,  21-11.  До крајот останаа 3-4 минути кои беа рутина во нив илинденци одиграа мирно и победија со 23-12. Кај победникот најистакнат беше Петар Колевски со девет гола, Кирил Симоновски кај поразените стрелаше успешно пет пати.

ili