Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: Кисела Вода поуспешна од девојките на РК Вардар ДБ во меч кај генер.2004/05
Јуниор лига: Кисела Вода поуспешна од девојките на РК Вардар ДБ во меч кај генер.2004/05

Јуниор лига: Кисела Вода поуспешна од девојките на РК Вардар ДБ во меч кај генер.2004/05

Во големата сала при спортскиот центар  “Јане Сандански“-Скопје се одигра дуел кај девојките родени 2004 и 2005 година. Во овој меч од осмото коло од ракометната Вардар Јуниор лига кај дамите се сретнаа екипите на РК Општина Кисела Вода Вардар и РК Вардар ДБ од Кавадарци. Tриумфираа во еден интересен дуел девојките од Скопје.

db0

Први со гол мечот го отворија девојките на Кавадарци тие поведоа со 0-1 на почетокот. Следуваа неефикасни минути негде на крајот од првата третита од првиот дел кој се игра по 15 минути кај оваа категорија Вардар ДБ зголеми на 0-2. Скопјанки успеаа да намалат во продолжение на 1-2 и да внесат неизвесност.  Повторно кавадарчанки отидоа на “плус два“ односно 1-3 некаде на средината од првиот период. Вториот период од полувремето целосно му припадна на тимот на Кисела Вода кој заигра поангажирано во одбраната и со серија 3-1 мечот на одмор го однесе со реми. На семафорот во големата сала “Јане Сандански“ на одморт стоеше  4-4.

db1 db2 db4

Вториот дел со погодок го отворија девојките од Кавадарци кој со нивниот прв гол во вториот дел кој потоа ќе се покаже како последен поведоа со 4-5. Вториот дел изобилуваше со неефикасност на двете страни и многу малку голови. Кисела Вода изедначи на 5-5  на две минути пред крај внесувајќи неизвесност околу тоа кој ќе ги собере бодовите или истите ќе бидат поделени на овој дуел кај девојките. На 100 секунди до крајот  пенал доби  Кисела Вода кој Сара Трпчевска го претвори во гол за 6-5. Со овој резултат заврши мечот. Кај победникот Ана Марија Мирчовска имаше 3 гола, а Сара Трпчевска два и тоа од 7 метра. Кај поразените прв стрелец беше Благица Јованова со три гола.