Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нема пречка за Вардаровата генер. “2004“, избраниците на Ане Андовски со две нови победи во детската лига
Нема пречка за Вардаровата генер. “2004“, избраниците на Ане Андовски со две нови победи во детската лига

Нема пречка за Вардаровата генер. “2004“, избраниците на Ане Андовски со две нови победи во детската лига

Вардаровата генерација родени “2004“ година денес ги продолжија натпреварите од третото полетно коло во детската лига. Двете екипи на Ане Андовски стигнаа до две нови победи и останаа единствената генерација со максимален број на освоени бодови.

Вардар (1) се сретна со екипата на Смилковци и ја совлада со резултат 4:1. Првата шанса на натпреварот ја имаше Георг Стојановски кој постигна хет-трик на денешниот дуел. Најубавата прилика за отварање на резултатот ја имаше Марио Ричков кој излезе сам со противничкиот голман, но Марио бие над голот и резултатот останува оној почетниот. Истиов играч се обиде од слободен удар, но голманот на Смилковци е на своето место. Противничкиот чувар беше еден од најзаслужните што денес Вардар не победи со поголема разлика. Црвено-црните продолжија со иницијативата и константно го напаѓаа голот на противникот. Горазд Попов имаше шанса со глава, откако нафрли Ричков но нема уште погодок.

16939332_1266582383388605_6689439200826174983_n

Во убава шанса се најде и Никола Анчевски откако доби топка од неговите соиграчи, одлилен прием на Никола кој шутира само во стативата од голот на Смилковци. Многу среќа имаше во тие моменти противникот. Откако противникот направи три корни, судијата покажа на белата точка. Пеналот го изведе Стојановски, а голманот на Смилковци со одлична одбрана спречува неагатива за својот тим. Смилковци можеше да ја казни нашата ефикасност, откако нашата одбрана направи грешка и му дозволи на еден од противничките играчи да излезе очи во очи со Тасев, но нашиот голман брани сигурен погодок. По првото полувреме резултатот остана 0:0.

vardarfans-smilkovci

Сепак Вардарци неможеа вечно да не погодуваат и својата добра игра ја крунисаа со погодоци. Георг Стојановски постигнува два гола и носи предност на нашите надежи од 2:0. Во продолжение од натпреварот гол постигнува и Марио Ричков со удар од белата точка, откако Смилковци направи три корни. До крајот на натпрварот уште два гола, по еден во двете мрежи. Најпрво противникот намалува на 3:1. за победата на Вардар со хет-трик да ја потврди Георг Стојановски за конечен резултат од 4:1.

vardarfans-vardar-1

Победа забележа и тимот на Вардар (2) против екипата на Њу Старс. Првата шанса за гол ја имаше Гуџуфи кој сакајќи да центрира ја погоди пречката од голот на Њу Старс. Вардар се обидуваше набрзина да го отвори резултатот, а селеден кој се најде во шанса беше Теодор Перковски кој бие со глава на нафрлена од Милошевски, но противничкиот голман го брани ударот. Пред да го отвориме резултатот се обиде Матео Софијаноски од слободен удар кој бие над голот. Конечно црвено-црните го отвараат резултатот со гол од пенал. Сигурен реализатор за водство од 1:0 беше Марко Софијаноски. До крајот на првиот дел уште еден гол и повторно во противничката мрежа. Втор гол на мечот за Марко Софијаноски кој носи водство од 2:0. Со овој резултат се отиде на одмор.

16938804_1266665576713619_5274528164533828625_n

На стартот на вториот дел, екипата на Њу Старс успева да го намали резултатот на 2:1, но нивната радост не траеше многу време. Само две минути подоцна, Вардар го зголемува резултатот на 3:1 со првиот гол овој пат на Матео Софијаноски. Марко Софијаноски имаше добра прилика да го зголеми резултатот, се најде во убава шанса, но голманот на Њу Старс го брани ударот. Со удар од белата точка Вардар го зголемува резултатот на 4:1. Сигурен реализатор беше Матео Софијаноски. Денес браќата Софијаноски имаат свој ден, а Марко успева да постигне гол и да зголеми на 5:1. Следиме уште еден гол во противничката мрежа кој беше дело на Тедор Перковски за веќе убедливи 6:1. Вардар не застана со нападите, што донесе и нов гол прв за Гуџуфи. Имаше можност и Матеј Богдановски за гол, но неговиот удар завршува во пречката. Конечниот резултат гласи 8:1. Втор гол за Гуџуфи и зголемување на водството на 8:1.

Продолжуваат одличните игри за оваа шампионска генерација на ФК Вардар која на контото нанижа уште две нови победи во деншното коло.