Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар го совладаа Шкупи и ја продолжија серијата на победи
Пионерите на РК Вардар го совладаа Шкупи и ја продолжија серијата на победи

Пионерите на РК Вардар го совладаа Шкупи и ја продолжија серијата на победи

Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до втората последователна победа во пролетниот дел од пионерската лига. Избраниците на Андријана Будимир на денешниот натпревар во С.Р.Ц Кале беа домаќини на екипата на Шкупи. На овој дуел славевме победа со резултат 25:21.

17105512_761149840726986_514603648_n

Првите осум минути се играа израмнето и ниту една од двете екипи не успеаа да имаат предност поголема од еден гол. При нерешен резултат од 4:4, екипата на Вардар успева да постигне четири последователни голови и да зголеми на 8:4. Тимот од Чаир не е воопшто наивна екипа па успева да врати со серија од 0:3 и да го намали резултатот на 8:7. Сепак избраниците на Андријана Будимир го подигнуваат нивото на игра и со два нови гола поведуваат со 10:7. Оваа разлика ја одржувавме до крајот на првото полувреме, кога на одмор заминавме со предност од 13:10.

17141494_761149850726985_2106067265_n

Во второто полувреме, Вардарци успеваа да ја одржат предноста, но и да ја зголемат на највисоки седум голови разлика. Во еден момент резултатот гласеше 21:14 во наша корист. Ова беше пресудниот период за нашата победа, која беше вкупно осма во лигата. Во последниот период од мечот, гостинската екипа успеа да го намали резултатот и да замине од Кале со достоен пораз од 25:21.

Најефиаксни беа Бојан Чакалиќ и Велимир Грујовски со по 6 постигнати голови. Борис Павловски, Дамјан Димитрјевски и Давид Савревски додадоа по 4.