Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар СЦЈС го “згазија’ Пелистер со над 40 погодоци во мрежата на гостите
Кадетките на Вардар СЦЈС го “згазија’  Пелистер со над 40 погодоци во мрежата на гостите

Кадетките на Вардар СЦЈС го “згазија’ Пелистер со над 40 погодоци во мрежата на гостите

Во кадетското дерби кое се играше во “Кале“ девојките на Вардар СЦЈС беа поуспешни од ривалот од Битола, екипата на ЖРК Пелистер. Нашите девојки предводени од Платон и Кузмановска триумфираа со 41-14 во овој меч од кадетската лига.

Први со гол мечот го отворија нашите девојки тие поведоа со 1-0 на почетокот. Потоа им приредивме вистинско гол-шоу на гостинките од Битола, правиме серија 11-0 затварајќи ги сите приоди кон нашиот гол и решерајќи ја мрежата на зелено-белите безмислосно, поведуваме со 12-0 и рано најавуваме триумф. Гостинките конечно постигнаа почесен гол за 12-1, ние им враќаме на тоа со серија 6-0 и поведуваме со неверојатни  18-2. До крајот на првиот дел се играше гол за гол на двете страни паднаа по четири гола, гостинките покажаа малку ракомет конечно во финишот на првиот дел поради нашето опуштање од енормното водство кое го имавме тие намалија на 22-6. Со резултат 23-6 е замина на одмор во Кале откако погодивме уште еднаш во финишот.

Вториот дел почна со гол на Вардарки за 24-6. Додадовме гас во продолжение и поведовме со спектакуларни дваесет гола предност односно 30-10 на средината од вторите 30 минути на овој кадетски дуел со Пелистер.  Во вториот дел од полувремето газиме повторно правиме неверојатна нова серија 10-3 со која на 3-4 минути до крајот ја минавме границата од четириресет гола и поведовме со 40-13. Во последните минути двата колектива погодија само уште по еднаш за наша победа со 41-14 на овој меч, Кај црвено-црните Диневска Бојана и Блажевска Ивана погодија по 8 пат, а Трпевска Ивона даде 6 погодоци. Кај поразените Тасевска Стефанија постигна пет погодоци на овој дуел. Покрај стрелеците нашата одбрана беше одлична на чело со голманското трио Мицевска-Сандева-Бабунска.