Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Пораз за кадетите и загубена титула, младинците со “задоцнет“ триумф против Шкендија, во борбата за трофејот
Пораз за кадетите и загубена титула, младинците со “задоцнет“ триумф против Шкендија, во борбата за трофејот

Пораз за кадетите и загубена титула, младинците со “задоцнет“ триумф против Шкендија, во борбата за трофејот

Денес во Тетово се одиграа фудбалски натпревари во кадетската и младинската лига. Кадетите беа минимално поразени од екипата на Шкендија, додека младинците успеаа да ги совладаат врсниците од Тетово.

Кадетите ги загубија сите шанси за титулата, откако доживеа и втор последователен пораз, за само неколку дена. Денес избраниците на Колев беа поразени во дуел со директниот конкурент за трофејот во оваа генерација. Моментот на одлука се случи во второто полувреме и тоа во 64 минута кога домаќинот погоди за водство од 1:0, што на крајот се покажа и како конечен на овој дерби дуел.

Вардар: Тимевски, Радевски, Антовски, Пешевски, Младеновски, Ѓорѓиески, Ибиши, Адем, Бериша, Ѓурковски, Наумчески.

Во игра влегоа уште и Марио Илиевски и Христијан Петковски.

Младинците пак си заминаа од Тетово и тоа со убедлива победа од 1:4. Иако Шкендија прва го отвори резултатот и поведе со 1:0 во 21 минута до крајот на натпреварот нашиот состав направи целосен резултатски пресврт. Најпрво во 29 минута за Вардар погоди Давид Велковски, кој го израмни резултатот на 1:1. Овој резултат беше актуелен и на полувреме. Оливер Дишлиевски во 52 минута донесе прва предност за Вардар од 1:2, а само три минути подоцна, црвено-црните го зголемија резултатот преку Јахја Абдулхади, за истиов играч да ја потврди победата и да ги постави конечните 1:4 во 80 минута од натпреварот.

ФК Вардар: Петковски, Џуклески, Димов, Серафимов, Митревски, Абдулхади, Дишлиевски, Благојевиќ, Јусуф, Велковски, Тасев.

И во младинска категорија и покрај денешниот пораз, Шкендија најверојатно ќе биде старо-новиот шампион на Македонија, со денешниот триумф, Вардар само им ја одложи промоцијата и славјето за некое од наредното коло.