Шкендија го доби пионерското фудбалско дерби на теренот на Академијата, совладувајќи го Вардар и тоа убедливо со резултат 1:5.
Вардар: Андов, Спировски, Николов, Цури, Манасиевски, Бојковски, Ристовски, Речица, Андоновски, Туша, Игнатов.
Вардар имаше поголем процент на посед на топката и иницијатива, но екипата на Шкендија е таа која имаше предност од 0:2 по првото полувреме. Уште во првите пет минути, гостите од Тетово имаа можност да го отворат резултатот, но Матеј Андов Првата посериозна прилика кај Вардар ја имаше Леонид Игнатов, кој одлично се ослободи од противничките играчи, но во завршниот удар голманот на Шкендија успеа да го одбрани. Имавме обиди и преку Харбин Речица и Туша Ветон, но ништо безопасно кон голот на гостите. Тетовчани го отвараат резултатот со гол од корнер, на нафрлена топка со глава еден од играчите на Шкендија ја смести топката во нашата мрежа, за водство од 0:1. Следи уште една добра прилика за противникот, но Андов спречи поголема негатива.
Сепак во следната акција не се одбранивме, кога на повратна топка еден од играчите на Шкендија силно ја заби топката која заврши во голот, за зголемување на резултатот на 0:2. Избраниците на Ѓорѓиевски се обидоа до истекот на првите 40 минути да го намалат резултатот, но тоа не им успеа. Имаше обид Ристовски со волеј удар од некаде 12 метри, но Рамадани успешно одбрани. Имаше обид и Цури, со глава кој бие покрај голот. На омор се замина со водство на гостите од 0:2.
Поради повреда во второто полувреме, на голот не можеше да продолжи Матеј Андов, а него го замени Марко Станковски. Во игра е и Зендели на местото на Спировски. Обид имаше Ристовски кој бие од слободен удар, но одбрани голманот на Шкендија го одбрани ударот. Падна и третиот гол во нашата мрежа, за зголемување на резултатот на 0:3. После погодокот нов обид имаше Ристовски, но топката завршува во рацете на Рамадани. Гостинот беше подобар и во продолжение од мечот и постигна уште два нови голови за веќе “петарда“ во нашата мрежа и предност од 0:5. Во последната минута, црвено-црните успеваат да постигнат почесен гол и да намалат на 1:5, преку Туша Ветон, резултат кој беше и конечен на овој меч во пионерската лига.
Шкендија со овој триумф е се поблиску до титулата во оваа возрасна генерација, а за Вардар останува борбата за финалето во купот на Македонија.