Денес на програмата беше првиот натпреварувачки ден на турнирот „Вардар Куп Скопје“. Генерацијата 2008 на Вардар предводена од Влатко Колев одигра два натпревари, на кои забележа една победа и еден пораз.
Турнирот го отворивме со натпревар против екипата на Црвена Ѕвезда. На овој натпревар екипата од Белград се покажа како пресилна за нашите млади надежи, забележувајќи победа со резултат 1:6. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Иван Ташовски.
На вториот дуел, младите вардарци за противник ја имаа екипата на Зоетермер од Холандија. Тука беме подобри и остваривме висок триумф со резултат 4:0. На полувреме се стекнавме со водство од 2:0. Резултатот го отвори Габриел Талески, за резултатот на 2:0 да го зголеми Илија Митаноски. Во вториот дел од натпреварот постигнавме уште два гола, повторно стрелец беше Талески, додека конечните 4:0 ги постави Огнен Костовски.
Со овие натпревари, Вардар ја заврши групната фаза, најверојатно како второпласиран, доволно да се пласира во полуфиналето.