Генерацијата 2009 денес стартуваше со настапи на турнирот „Вујадин Бошков Куп“. Избраниците на Зоран Петковски одиграа два натпревари на кои остварија една победа и нерешен резултат.
Турнирот го отворивме со натпревар против екипата на Нови Сад, кој заврши со почетниот резултат 0:0. Можеме да жалиме што не дојдовме до победа со оглед дека бевме поквалитетни од противникот, имавме и три добри шанси за погодок, кои останаа неискористени.
Во рамките на второто коло во групата се сретнавме вечерва против екипата на Темишвар. И на овој меч доминиравме, имавме повеќе од играта, создававме шанси од кои две успеавме да претвориме во погодок. Мартин Смиљков беше играчот кој ни донесе предност од 1:0, додека резултатот на 2:0 го зголеми Матеј Николов. И двата гола, беа со асистенции од Јаков Стојковски. Одлични на голот беа нашите Марко Баснарков и Даријан Денковски.
Вардар е многу блиску до пласман во 1/8 финалето, кое треба да го потврди на утрешниот натпревар против екипата на Национал Ниш.