Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Вардар загуби минимално од Динамо Загреб, после непостоечки досуден пенал
Вардар загуби минимално од Динамо Загреб, после непостоечки досуден пенал

Вардар загуби минимално од Динамо Загреб, после непостоечки досуден пенал

Кадетите на ФК Вардар нема да играат во полуфиналето на турнирот во Златибор, откако денес загубија од екипата на Динамо Загреб, минимално со резултат 1:0 со погодок на противникот од непостоечки пенал.

Главниот судија на овој натпревар на неколку минути пред крајот на натпреварот досуди непостоечки пенал за Динамо Загреб, кој еден од играчите сепак го реализираше за водство од 1:0, резултат кој беше и конечен на овој 1/4 финален натпревар. Во најголем дел од натпреварот Вардар беше рамноправен противник, дури на периоди и беше подобар на теренот. Во првиот дел добра шанса за отварање на резултатот имаше Величковски, кој беше во добра позиција, но сепак не успеа да го совлада голманот на загребчани. Противникот исто така имаше свои шанси на овој натпревар, некои од ударите ги бранеше Данстак, додека во два наврати Динамо Загреб ја погоди пречката од нашиот гол.

Тренерот на Вардар, Милан Илиевски-Мичка го стартуваше натпреварот со следниве 11-сетмина: Данстак, Здравковски, Стојилевски, Серафимов, Кулуковски, Јакимовски, Сековски, Дошев, Цветков, Алији и Величковски.

Играа уште и Јовановски, Каровски, Спасиќ, Фидановски, Курти и Митревски.