Овој викенд можеби и ќе биде одлучувачки на прашањето дали Давид Дејвис и во новата сезона ќе биде тренер на најтрофејниот ракометен тим во Македонија.
Според информациите на ,,Вардар Фанс”, ,,црвено – црните” го имаат претставено својот план, па сега на Дејвис е да одлучи дали ќе ја прифати понудата и ќе остане на чело на Вардар и во новата сезона. Секако дека популарните ,,Комити” и голем дел од навивачите на Вардар, навиваат за тоа Дејвис да се согласи и да го продолжи договорот со тимот.
Дејвис откако дојде на кормилото на Вардар бележеше добри резултати, а ја освои и двојната титула во домашната лига, што секако е голем успех за Вардар. Останува да видиме во следните неколку денови дали Давид Дејвис ќе остане во Вардар и ќе продолжи со успешната работа и во иднина.