Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познат распоредот за дуелите на вардарци на турнирот во чест на Марко Божиновски

Познат распоредот за дуелите на вардарци на турнирот во чест на Марко Божиновски

mb-turnir

Помина една година откако младиот ракометар и член на македонскиот национален тим, Марко Божиновски тивко си замина, во негова чест и аманет ќе се органзиира меморијален турнир.

Премиерното издание на Меморијалниот ракометен турнир „МАРКО БОЖИНОВСКИ“, турнир за ракометари до 18 години на кој ќе учествуваат осум младински екипи, од 3 различни држави, Хрватска, Србија и Македонија ќе се игра од 14 до 17 јуни.

Натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи, со систем на натпреварување секој со секого во својата група. Прво пласираните екипи од групите ќе играат натпревар за прво место, второпласираните за трето итн. Во случај на ист број на поени ќе се применат пропозициите на РФМ.

Натпреварите од турнирот ќе се одиграат во спортскиот центар „Ново Лисиче“, Општина Аеродром, кој од минатиот октомври е преименуван во СЦ „Марко Божиновски“.

Група А: Војводина, Пролет, Вардар, Бутел Скопје
Група Б: Нексе, Алкалоид, Голден Арт, Еурофарм Пелистер

14 јуни
17:30 Вардар – Бутел
19:00 Голден Арт – Еурофарм Пелистер

15 јуни
09:30 Војводина – Бутел
11:00 Пролет – Вардар
16:45 официјално отворање
17:30 Нексе Нашиице – Еурофарм Пелистер
19:00 Алкалоид – Голден Арт

16 јуни
09:30 Нексе – Голден Арт
11:00 Алкалоид – Еурофарм Пелистер
17:30 Војводина – Вардар
19:00 Пролет – Бутел

17 јуни
09:00 Војводина – Пролет
10:30 Нексе – Алкалоид
13:00 Натпревар за 7 место (А4 – Б4)
14:30 Натпревар за 5 место (А3 – Б3)
16:00 Натпревар за 3 место (А2 – Б2)
18:00 Натпревар за 1 место (А1 – Б1)
20:30 Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турниот