Пионерските екипи на ФК Вардар го одиграа 22 коло во првенството. Денес на теренот на Академијата, нашите млади надежи за противник ја имаа екипата на Ренова, над која остваривме една победа и пораз.
Помладите пионери стигнаа до нов голем триумф во борбата за титулата, откако и трет пат сезонава ја совладаа екипата на Ренова, овој пат со конечен резултат од 3-1. По првото полувреме имавме водство од 2-0 откако противничката мрежа ја погодија Дарио Јовановски и Лео Андрески. Во вториот дел по еден гол во двете мрежи. Најпрво Вардар зголеми на 3-0 со голот на Грегори Давков, додека со крајот на мечот Ренова постигна почесен гол, за конечни 3-1 на овој дуел.
Ова беше вкупно 17.триумф сезонава за избраниците на Деспотовски, кои ја задржаа предноста од девет бодови пред екипата на Победа од Прилеп, која во ова коло славеше на гостувањето кај екипата на Шкендија.
Вардар: Стојковски (c), Марковски, Давков, Ѓорѓоски, Сељанац, Јовановски, Давидовски, Андрески, Тасевски, Живков, Ѓорѓиевски.
Пионерите на Вардар доживеа неочекуван пораз од екипата на Ренова. Иако на полувреме имавме водство од 1-0 со голот на Муас Демири, во вториот дел дозволивме да примиме два гола и на крајот да загубиме со резултат 1-2. Со овој пораз повторно ја искомплициравме работата за титулата. После ова коло останавме на првото место со пет бодови повеќе од А. Пандев и шест од тимот на Работнички.
Вардар: Величковски, Петејчук, Ѓурковски, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Трајановски, Демири, Речица, Салиу, Радуловиќ-Величковиќ (c).