Оскар Раули Лопез и Анхел Рамирез Сабросо од Шпанија се делегирани да го судат реванш дуелот од 1/4 финалето во Унгарија, на кој ќе играат ПИК Сегед и нашиот Вардар. Се надеваме на фер и коректно судење од оваа судиска двојка.
Дуелот во Унгарија се игра во недела со почеток од 19.00 часот. Вардар има солидна предност од осум голови, со кои ќе се обиде да стигне до нов, трет пласман на Ф-4 едно по друго.
Делегат на мечот ќе биде Вилангер од Норвешка.