Денес пионерските екипи на ФК Вардар на теренот во Ѓорче гостуваа кај екипата на Њу Старс, дуелите се играа во скопската населба Ѓорче Петров. На истите дојдовме до едно реми и една победа.
Пионерите одиграа нерешено 2-2, Кралевски овој дуел го започна со следниот тим: Величковски, Петејчук, Асани, Гугуљанов, Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски, Хасани, Омерагиќ, Игнатов, Салиу, Демири.
Добро го отворивме овој дуел имавме повеќе од инцијативата па тоа донесе предност за нас. Успеавме да поведеме први со 0-1, уште во 17.минута од дуелот. За наше водство стрелаше Азер Омерагиќ кој го отвори овој дуел. Потоа ривалот успеа да направи пресврт на резултатот. Најпрвин изедначи на 1-1 во 35.мининута од дуелот. Во финишот на првиот дел поведоа и со 2-1, преку прецизно изведен удар од белата точка. Во вториот дел ние се трудевме да ја вратиме резултатската симетрија, па така рано уште во 49.минута изедначивме. За 2-2 повторно погоди истиот играч од нашиот тим. Азер Омерагиќ стрелаше за реми, 2-2 резултат кој подоцна се покажа и како конечен на оваа средба.
Помладите пионери триумфираа со 0-2 на средбата со Њу Старс. Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Трпезаноски, Давков, Ѓорѓиевски, Ѓоргосски, Сељанац, Тасевски, Давидовски, Стојановски, Мирков и Жарков.
Првиот дел помина во испитување на силите, двата тима имаа по неколку шанси ама мрежите на домашниот голман и на нашиот Лука Стојановски останаа незатресени. Расплетот дојде во вториот период, најавивме дека ќе дојдеме до нови три бода во 58.минута кога поведовме со 0-1 преку нововлезениот Андрески Лео. По голот продолживме со атаци со цел удвојување на предноста и осигурвање на победата. Само четири минути по првиот погодок за нас погоди Живков Славче за конечни 2-0.