Денес пионерките на женскиот ракометен клуб Вардар го одигаа првото пролетно, односно 6.коло во својата група од пионерската лига. Вардарки дојдоа до гостинска победа на гостувањето кај тимот на РК Делчево во истоимениот град. Победата за девојките на Платон и Папуџиева дојде со резултат 15-19.
Прв дел ние го отворивме со гол за 0-1, делчево со два гола ја презема предноста и поведе со 2-1. Потоа следеа рамноправни минути двата тима постигнаа по три гола за 5-4 негатива за скопксиот тим. По овој момент се случи клучниот пресврт ние го преземавме водстото и не го испуштивме се до крајот на овој натпревар. На одмор дуелот го однесовме со два гола предност за нас, 7-9.
Домаќинот во првиот напад намали на 8-9 во вториот дел. Потоа се играше борбен дуел на две одлични екипи, двата тима постигнаа по шест гола до пред последнот период, на семафорот имавме минимално водство со гол предност, 14-15. Сепак далеку поумешни бевме во последните минути примивме само еден гол, а испорачавме четири со што заслужено победовме со резултат 15-19.
Најефикасната од оваа есен, Коцева Бојана беше прв стрелец со 6 гола, зимското засилување Стефановска Сара погоди три пати, а две девојки имаа по два гола: Пешиќ Мила и Зорица Андовска.