Вардар славеше со 3-0 против Локомотива на пријателски натпревар одигран вчера во скопската населба Маџари.
„Црвено-црните“ го отворија резултатот преку Попзлатанов во првото полувреме, а во вториот дел победата ја запечати Јусуфи со два погодоци.
Вардар предводен од Бобан Грнчаров оваа сезона ќе лови враќање во елитното друштво од каде испадна лани. Првата сезона во ВМФЛ, македонскиот фудбалски бренд ја заврши на третото место, зад Силекс и Воска Спорт.